Кога зборуваме за концептот Модерно Скопје , тука ништо не зависи само од градоначалничката Арсовска туку зависи од мнозинството во Советот каде најбројни се претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, ова е ставот со кој лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја презеде одговорноста за направеното, односно ненаправеното во главниот град изминативе две години.
- „Доаѓаме сега за тоа што го зборувам цело време а тоа е концептот за Модерно Скопје. Не зависи тој концепт сега во моментот само од Данела, туку зависи и од политичките партии кои се дел од Советот каде што мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Мицкоски при едно негово гостување на „Макфакс“.
Иако мнозинството во Советот на Град Скопје го има партијата на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, програмата за Модерно Скопје со која нивната кандидатка Данела Арсовска победи на локалните избори и две години по започнувањето на мандатот останува неисполнета.
- „Ќе си донесе Советот одлука, буџетот ќе си го направи таков како што треба, односно за реализација. Нормално дека ќе играме на таа карта, тоа сме го ветиле пред граѓаните“ вели Мицкоски во интервјуто.
На овој начин свесно или не, лидерот на најголемата опозициска партија се самопрогласи за одговорен за сето она што му се случува на нашиот главен град.