Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција, поднесе кривична пријава против П.Р., Б.П. и К.Г., полициски службеници при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда” по чл.131 став 3 во врска со кривично дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143 од КЗ.
-Пријавените, во својство на полициски службеници, при преземање на службени дејства над оштетениот А.З. од Скопје, затекнат при обид за кражба, неовластено и прекумерно употребиле физичка сила и му нанеле тешки телесни повреди. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од своите работни места до завршување на постапката, информираат од МВР.