Партијата Левица информираше дека „на денешната пленарна седница на Собрание, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, со шверц без преседан, да го донесе новиот Деловник“.
Во нивното соопштениедо медиумите се вели:
-Иако Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг – власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети пратеничките права! Ваквото насилие е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и физички да го бранат народниот мандат, информираат од Левица и ја пренесуваат изјавата на Апасиев.
„Се спрема финалниот шверцерат во Собранието на Северна! СДС-ДПМНЕ-ДУИ vs Левица.
Договорено е и физичко вадење на пратениците на Левица од пленарната сала, само и само да помине Деловникот со кој опозицијата би станала излишна. Епа, ОК. Предизвикот е прифатен. Кад је бал, нека биде маскенбал“, вели Апасиев
ПП Левица