“Василичарска епопеја” е првиот мурал кој го разубави Вевчани. Станува збор за монументално уметничко дело кое оддава почит на богатиот културен опус на Вевчани, овековечувајќи го наследството на нашиот негуван Вевчански карневал – еден од најстарите европски и први карневали во државата, зачленет во Светската карневалска федерација.
Ова уметничко дело со право ја доби поддршката од Министерството за култура, со оглед на тоа што ја надминува естетиката и е доказ за нашата посветеност да го зачуваме и славиме нашето културно наследство.
Уметниците кои го насликаа муралот василичарска епопеја во Вевачни се вевчанците Владо и Ангелина Муковски.
“Василичарска епопеја” дополнително го оживеа Вевчани благодарение на големата површина и живите бои со кои изобилува муралот, а неговиот мотив одлично се вклопува во просторот и контекстот.
Им честитам на авторите за успешниот проект и што ја искористија моќта на уметноста во раскажувањето на нашите приказни и заштитата на нашата традиција, напиша на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.