Вчера вечерта во Сан Салвадор се одржа изборот за Мис Универзум 2023, а победи убавата Шинис Паласиос од Никарагва.
На ова престижно натпреварување учествуваа 84 земји, а како прва придружничка заврши Тајланѓанката Антонија Порсилд, додека второпласирана е Мораја Вилсон од Австралија. Најдобрите пет ги заокружија Мис Колумбија Камила Авела и Мис Порторико Карла Гилфу.
Во последниот круг, натпреварувачите беа прашани во чиј живот ќе поминат еден ден, а Шин ја избра британската филозофка и феминистка од 18 век Мери Волстенкрафт, велејќи дека таа ги поместила границите и им дала шанса на многу жени.
– Денеска нема ограничувања за жените – коментира таа.
Шинис има 23 години и студира масовна комуникација на Централноамериканскиот универзитет во Манагва. Таа била член и на одбојкарскиот тим на Универзитетот, но со години е посветена на нејзината манекенска кариера.
Ова не е нејзиниот прв избор за Мис, младата убавица победила на Мис тинејџер на Никарагва 2016 и Мис на светот за Никарагва 2020 година. Исто така, таа се пласираше во 40-те најубави на изборот за Мис на светот 2021 година.