Правев многу анализи и за лековите и за начините на лекување и на крај за вакцините, реков тогаш дека вакцините не се решение и нема да ни помогнат и не ни помогнаа, рече во денешното гостување на “Стадион” Вело Марковски, инфектолог и актуелен кандидат за претседател на Македонија.
- Тие вакцини направија голема штета и врховниот суд на Америка виза ви барањето на господинот Кенеди донесе одлука дека тоа не се вакцини туку е генетски материјал. Јас ја кажував науката и постојано ја зборувам науката. И во 2009 година бев популарен, тогаш за свинскиот грип имав научни ставови кои се покажаа 100 посто точни, вели Марковски.
Тој додава дека со правилна стратегија и со правилни обуки на докторите овие повеќе од 18 илјади починати од пандемијата ќе се сведеа на некои 2-3000.
- Ние немавме доктрина, немавме обука имавме грешни ставови. Потрошивме милјарда и половина. Мене ми се јавуваа доктори кои велеа дека одејќи по мојата доктрина не им умрел ниту еден пациент. Се даваа антибиотици додека инфекцијата беше вирусна, па преминуваше во бактериска пневмонија и сите пациенти умреа од бактериски пневмонии, објаснува Марковски.
Дециден е дека човек што прележал Корона не е логично да го терате да се вакцинира.
- Тој е природно имунизиран. Најдобар начин на одбрана може нашиот имунолошки систем да смисли. Се даваа по четири пет дози вакцини на луѓе кои прележале и тие направија штета. Давањето на вакцина кога човек има многу антитела може да оштети бубрези, може да оштети мозок итн, категоричен е Марковски во денешното гостување на Стадион.
Тој додава дека пред Короната бројот на пневмонии бил поголем но во периодот на Корона не сме ги пријавувале како пневмонии туку како Ковид 19.
Повеќе гледајте на линкот подолу, во најновото издание на “Стадион” на Канал 77.