Влеговме во аномалии во општеството каде сами си наметнуваме некакви критеируми, вели во денешното гостување во Стадион актуелниот независен претседателски кандидат Вело Марковски.
- Никој во ЕУ не не натера нас на ништо, сами потпишавме договор за добрососедство со Бугарија. Самите си правиме проблеми таму каде што нема, а системите ни пропаѓаат, администрацијата ни е прекумерна, корупцијата ни е висока и тоа цело време ни го кажуваат а ние пак се држиме за тоа дека ако влезат Бугарите во Устав нас ќе не примаат во унијата. Нема да не примаат ЕК си прави известаи врз основа на реални показатели, посочува Марковски.
Тој вели дека внесувањето на Бугарите во Уставот воопшто не е проблем за влез на Македонија во ЕУ, реалната состојба во државата е најголемиот проблем, но и Унијата се соочува со големи проблеми, нагласува Марковски.
- Факт е дека Европска Унија сега има големи проблеми, она го изгуби приматот. Веќе не е доминантна ниту економски, ни политички, ни културно, ни спортски во светот и свесни се дека мора да се реформираат, имаат проблеми со лидерите. Расте евроскептицизмот кај народот поради односот на нашите политички елити, вели Марковски додавајќи дека не може после ваков извештај никој да не поднесе политичка одговорност.