Ме заболе ситуацијата со делегитимација на македонскиот народ, на македонската нација и тоа беше еден од мотивите за мојата кандидатура, а и по карактер сум таков, иако ми кажуваа дека ќе имам многу проблеми, сакам да пробувам а и сите треба да се трудиме да го направиме ова општество да пофункционално, рече денес во своето гостување во емисијата “Стадион” на Канал 77, актуелниот независен претседателски кандидат, инфектологот Вело Марковски.
- Договорот беше дека во април и мај ќе се мерат рејтинзите, а во јуни партијата ќе избере свои кандидати и ќе ги билда, но тоа не се случи. Ниту добив информации како стојам на рејтинзите, ниту во јуни се изфрлија двајца кандидати, се кажа дека ќе се избира кандидат во февруари што не остава простор за независни кандидати, истакнува Марковски.
Вели дека особено му пречи партизацијата во општеството и што се гледа се како црно или бело, а она што е потребно е да може народот да препознае што е корисно.
- Само така можеме да одиме напред. Ако донесе предлог закон едната партија другата априори е против, без да се анализира дали е тоа добро и корисно и дали можеби после две години ако се смени власта ќе мора и таа да го донесе истиот закон. Тоа не не води кон напред, вели Марковски.
Нагласува дека до сега нема никаква реакција од луѓето во матичната партија, но очекува до јануари партијата да заврши со мерење на рејтинзите и да застане како негов поддржувач во кандидатурата.
- За партијата ќе биде голем проблем ако ги изгубиме претседателските избори, така да очекувам таму некаде до јануари да ме понудат, да ме поддржат како партија. Децидно одам како независен кандидат. Ако партијата сака да ме поддржи тогаш на Конценцијата или на Централен комитет нека кажат ние ќе го поддржиме професорот, вели Марковски во денешното гостување на “Стадион”.
Тој истакнува дека многу искуства има кога партијата дала поддршка на независни кандидати кои не биле нејзини членови, некогаш позитивни некогаш негативни искуства, но реално е да се очекува да застане зад неговата кандидатура.
Вело Марковски, за мотивите и очекувањата околу кандидатурата за претседател како независен кандидат, гостин во “ Стадион “ на Канал 77.