Со ден разлика си заминаа две актерски легенди – Жарко Лаушевиќ и Мето Јовановски.
Интересно, Мето играл со Лаушевиќ во филмот „Руски конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ, кој треба да излезе следната година.
Актер, кој на сцена заиграл и со двајцата е Радош Бајиќ, кој е тажен поради смрттана големите луѓе.
„Вознемирен сум, збунет и многу тажен. Што ни се случува ова? За два дена две заминувања, две огромни загуби, два смртни случаи – драги, големи и неповторливи луѓе. Вчера, ненадејно заминувањето на грандиозниот Лауш, денес заминувањето на величествениот Мет Јовановски. Да не работев со нив до коска, силно, со целосна верба, во занесот на заедничкото творештво – со Мето во „Село гори а баба се чешла“ и со Жарко во „Халиард“, верувам дека тогаш би ми било полесно денес.Вака ја препознавам длабочината на загубата, со сигурност знам колку беа одлични актери и луѓе – па тешко ми е да разберам, сватам и да се помирам со фактот дека не се повеќе меѓу нас. Рака под рака Жарко и драги Мето – патувајте и најдете место во небесното царство во кое сте со своите дела, заслужена човечност и добрина“, рече Радош Бајиќ.