Концертот на Роби Вилијамс во Сиднеј го одбележа немил настан.
Додека публиката ги пеела хитовите на познатиот пејач, една од обожавателките се обидела да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп ѕвездата. Оваа жена има 70 години и моментално е во кома.
Таа моментално се бори за живот откако паднала во шест реда седишта за време на концертот на Роби Вилијамс. По падот жената во критична состојба била пренесена во болницата Сент Винсент бидејќи при падот се здобила со повреди на главата и лицето.
-Синоќа бевме на стадионот Алијанц. Бевме повикани поради 70-годишна жена која падна и имаше сериозни повреди на главата и лицето. Ја однесовме во болница во критична состојба – изјави портпаролот.
Според извештаите, таа сакала да се искачи малку повисоко за да добие подобар поглед, а потоа се лизнала, пренесува Деили Меил.