МВР информира за кривична пријава на двајца полицајци за примање поткуп.
-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп” по член 357 од КЗ, информираат од МВР и додаваат:
– Полициските службеници на 15.11.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра. Полициските службеници се изведени пред ЈО за ГОКК, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена, се вели во информацијата од МВР.