Околу 10 проценти е разликата во чинењето на изборите во зависност од тоа дали ќе се заедно или одвоени, рече во денешното интервју за “Слободен печат”, лченот на ДИК, Оливер Ристовски.
- „Се провлекуваше во медиумите информацијата за некоја драстична разлика. Во глобала дали изборите ќе се одвоени или партиите ќе се договорат вториот круг на претседателските да бидат заедно со парламентарните, разликата е минимална, не повеќе од 10 отсто“ рече Ристовски.
Тој вели дека не се точни информациите дека одвоените избори би чинеле 30 до 40 отсто повеќе и според него ваквата разлика ќе биде до десет отсто.
- Најголемиот дел од буџетот определен за изборите оди на фиксните трошоци без разлика дали тие се споени или одвоени, а тоа е платената политичка кампања на партиите и претседателските кандидати, како и трошоците за печатење на изборниот материјал и избирачките списоци, објасни ристовски за “Слободен печат”.
Ристовски исто така демантираше дека ќе се дуплираат трошоците за членовите на Избирачките одбори. Вели без разлика дали ќе бидат изборите заедно или одвоени тие ќе бидат платени за два изборни циклуси, бидејќи тоа и ќе спроведуваат.