Демократската унија за интеграција жестоко реагира на поставувањето на 15- метарски крст во Туристичкиот центар „Попова Шапка” и бара одговорност од општина Тетово што го дозволила овој скандал.
-Дали поставувањето на овој крст е нешто претходно договорено меѓу Беса на Билал Касами и ВМРО ДПМНЕ, услуга чувана во тајност од граѓаните за помошта што ВМРО и ја понуди на Беса на локалните избори за општина Тетово?
Нереакција на општината и тенденцијата сето ова да помине во молк, доволно говори за договорот меѓу ВМРО и Беса. Но, тетовчани не молчат, нема да молчиме ниту против овој скандалозен пазар, се вели во соопштението од ДУИ и додаваат:
-Групата советници на ДУИ во општина Тетово веќе побараа појаснување по ова прашање од првиот човек на општина Тетово. Демократската унија за интеграција смета дека поставувањето на крстот е сериозна провокација која ги нарушува вредностите на социјална кохезија и бара од институциите во државата да ги преземат сите неопходни институционални мерки за негово отстранување од Попова Шапка и казнување на оние кои дозволиле такво нешто, се вели во соопштението од ДУИ.