Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека на 112 добиле информација дека на крстосницата на ул. „Варшавска“ со булеварот „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.
-Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја, информираат од Центарот и додаваат дека:
-Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и Полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, се вели во информацијата од ЦУК.