За многу од луѓето, одењето во пензија претставува време за размислување. Кога малку ќе се оддалечат од секојдневниот метеж и од работа, сфаќаат дека во младоста пропуштиле мноу работи и почнуваат да жалат поради тоа. Меѓутоа, таквото преиспитување може да има позитивно влиијание, да ги поттикне да ги прават работите за кои сега имаат време и ресурси.
Експерти од областа на психологијата наведуваат кои се оние четири работи за кои на луѓето им е жал што не ги направиле порано. Истовремено, ова може да биде мотивација за оние кои се во пензија да почнат сега да ги реализираат.
Жалат затоа што не го ставиле своето здравје на прво место
Кога сме млади вообичаено не посветуваме толку внимание на нашето здравје, туку фокусот го ставаме на други работи. Меѓутоа, луѓето со текот на годините стануваат сѐ посвесни за улогата што ја има здравјето. Работеле со години, прескокнувале оброци, а сега се соочуваат со здравствени проблеми. За да не се каете за ова подоцна во животот, клучно е да балансирате меѓу работата и здравјето во текот на кариерата, а не само по пензионирањето. Фокусирајте се на она што сега може да го контролирате. Имајте здрави навики, побарајте лекарски совет и запаметете дека никогаш не е доцна да почнете да носите подобри одлуки за своето здравје.
Не создавале посрдечни врски со луѓето
Кога луѓето ќе престанат да работат, тие сфаќаат дека единствено развиле социјални односи со колегите на работа и почнуваат да се каат бидејќи надвор од работата не се ангажирале на ниедно поле. Многу пензионери велат дека доколку се врати времето назад, тие би поминувале повеќе време со семејството и пријателите наместо да работат по цел ден. Кариерата е важна, но поради неа често се пропушта можноста за создавање спомени со саканите. Меѓутоа психолозите велат дека никогаш не е доцна повторно да се поврзете со блиските луѓе. Сега кога немате работни обврски, имате повеќе време да му дадете приоритет на градењето врски. Почнете така што ќе се обидете да ги обновите односите. Поминувајте поквалитетно време со партнеро, пријателите или децата и дајте си себеси шанса да запознаете нови луѓе.
Не сте имале доволно време за самите себе
Пензионерите сметаат дека во отсуство на работа, тие би можеле да го изгубат својот идентитет. Кога психолозите ќе забележат вакво нешто кај своите клиенти, велат дека вообичаено тоа е така затоа што кога биле млади не посветиле доволно време на тоа да се запознаат себеси. Без да имате цврста основа и да знаете кои сте и што сакате, одењето во пензија може да биде вознемирувачко искуство. Исто така, стручните лица наведуваат дека многу од клиентите жалат што не вложиле време за да се истражат себеси. Работата често го дефинира нашиот идентитет, а кога тоа ќе исчезне, може да се јави чувство на губиток. Психолозите советуваат пред да заминете во пензите да истражите кои се вашите интереси и страсти, да изградите силно чувство кое ќе го надмине професионалниот идентитет.
Не сте биле спонтани
Доколку погледнете наназад, можеби ќе сфатите дека моментите кои највеќе се истакнуваат се оние кои биле најпредизвикувачки. Доколку сте биле премногу внимателни кога сте биле млади, сте пропуштиле значајни искуства. Многу пензионери се каат што не преземале повеќе ризици, како лично, така и професионално. Чувствуваат дека играле премногу сигурно и пропуштиле прекрасни прилики. Важно е сепак, да се знае дека никогаш не е доцна да се излезе од комфор зоната, но и дека избегнувањето авантури може да нѐ чини пропуштени спомени. Ако сте во можност, истражете ги локалните места, одете на еднодневни излети или испланирајте некој подолг одмор. Дури и да не сте во можност да отпатувате некаде далеку, најдете начин да им се препуштите на нови искуства.