Мајка од Берово заминала на родителка на детето, а таму агресивно се однесувала кон наставничката и останатите родители.
-На 13.11.2023 во Полициската станица Берово, полициски службеници извршиле службе разговор со М.Е.(39) од Берово. Според пријавеното, околу 14.30 часот на родителска средба во основно училиште во Берово, таа агресивно се однесувала кон наставничката и присутните родители. По комплетирање на случајот против М.Е. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.