Во петокот две лица биле повредени за време на изведбата на „Ромео и Јулија“ во унгарски театар. Актерите паднале од балконот и се здобиле со сериозни повреди поради што биле оперирани, но се надвор од животна опасност, јавува Би-Би-Си.
Директорот на Народниот театар Атила Виднињски во понеделникот понуди оставка, но унгарскиот министер за култура Јанош Чак ја отфрли. Истрагата е во тек, а министерот ги чека конечните резултати за да преземе дополнителни активности.
Јулија Сас ја играше Јулија, а Ото Лајош Хорват го играше нејзиниот татко. Двојката падна во театарот во Будимпешта за време на вториот чин на претставата од подигната платформа зад сцената. Министерот и режисерот ги посетија повредените актери во болница.
Видњањски беше директор на Националниот театар 10 години и е близок со премиерот Виктор Орбан. Неговото именување требаше да заврши во 2023 година, но беше продолжено претходно оваа година за уште пет години до 2028 година.