Познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ во гостување на емисијата “ Недела во 2 “ зборуваше за тоа колку десничарите биле критички настроени и го критикувале филмот “ Убавите села убаво горат “ кој подоцна доживеа светска слава. Велеа дека е предавнички, вели Бјелогрлиќ.
- „Кога излезе филмот ‘Убавите села убаво горат’ во 1996 година, тоа беше катарза. Катарза се случи во Србија. Одма започнаа да не напаѓаат овие десничарите дека сме предавници, но кога видоа колкава е гледаноста замолчија“ изјави Бјелогрлиќ во емисијата „Недела во 2“.
Тој додава и дека должност и обврска на актерите меѓу другото е и јавно да зборуваат за се она што се случува во општеството во кое живеат.
- „Не мора да зборуваат за политика, но мора да зборуваат за општеството. Не се согласувам со колегите кои сметаат дека, бидејќи се уметници, не треба да се занимаваат со политиката и општеството“ вели Бјелогрлиќ.
Обврска на секоја јавна личност, а особено на уметниците е да зборуваат за општеството и со своите дела да се обидат да ги разбудат луѓето.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...