Годините заеднички живот не се пресудни за опстојувањето на една брачна заедница. Можеби звучи незрело луѓето во педесеттите да го лажат и изневеруваат партнерот, но во пракса тоа многупати се докажало како точно.
Една жена на 55-годишна возраст веќе 11 години е во брак со својот сопруг и неодамна открила дека тој има бројни тајни.
„И мене и нему ова ни е втор брак. Се запознавме кон средината на четириесеттите, што значи дека не бевме млади и можевме да донесуваме рационални одлуки. Кога го запознав тој имаше 46 години и би рекла дека тоа навистина се зрели години. Уште додека бевме во врска, неговите приказни беа чудни. На пример, кога ќе доцнеше на некој од нашите состаноци или кога воопшто немаше да се појави, тој имаше бизарни објаснувања. Знаеше да каже дека му помагал на случаен минувач да го поправи својот автомобил, или спасувал мачка која ја повредил со аввомобилот на патот. Јас му простував иако никогаш не ми беше јасно дали ја кажува вистината“, раскажала жената во интервју за San.
Лагите на овој човек сепак, со текот на времето станувале сѐ поголеми. Тој често знаел да се пошегува дека има друга жена, односно дека има друго семејство и оти наводно поради тоа, му е тешко да постигне сѐ.
„Верувам дека никогаш немал друга жена покрај мене, инаку не би го зборувал тоа на цел глас. Сепак, една пошта која пристигна од соседниот град, целосно ме остави без зборови. Неговата поранешна жена му поднела тужба за неплаќање алиментација за дури три деца. Не можам да верувам дека во текот на сите 11 години брачен живот, тој воопшто не ми кажа дека има деца. Исто така, тој вадеше документи поради годините работен стаж и сфатив дека никогаш нема работено како полицаец, како што секогаш кажуваше. Бев запрепастена! Кога се соочив со него, тој почна да се шегува, но јас сепак сакам да ја дознаам вистината. Исто така, не знам дали можам да му верувам по сѐ, не знам што е вистина, а што е лага од целиот наш брак“, раскажала оваа жена.