За 22 месеци нови централи за производство на струја од Сонце за 166 илјади домаќинства
Енергетски инвестциски бум: 523 MWh нови централи за струја од Сонце за скоро две години
За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори – покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година – 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). „За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за кои се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140 % повеќе од цела 2022 година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW. Интензитетот на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за скоро 6 MW.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со електричната енергија произведена од обновливи извори од новите централи, што се изградени за помалку од две години може да снабдуваат над 166 илјади домаќинства.