Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски гостуваше во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, каде меѓу останатото даде и свое видување на сето она што во моментов, но и години наназад и се случува на македонската политичка сцена.
Вели секогаш кога се нема аргумент во некоја дебата праксата на наншите политичари е да одат на вадење етничка карта, што според него знае да биде мошне проблематично и опасно.
- Фокусот на нападите на ВМРО ДПМНЕ не е СДСМ туку ДУИ. Свесно или не свесно ВМРО ДПМНЕ и ДУИ оваа игра во која влегуваат во кнфликти па после се смируваат си ја играа многу пати претходно кога беа во коалиција 12 години. Почнуваат да се караат меѓу себе за да си го набилдаат рејтингот едниот кај етничките македонци другиот кај етничките албанци. После избори се тоа се заборава и се тера супер понатака, вели Деспотовски.
Тој истакнува дека делумно наративот на опозициската ВМРО ДПМНЕ остава впечаток за тенденција на ДУИ кон албанизација на државата, но нагласува дека СДСМ ќе реагира поинаку ако нивниот коалициски партнер го засили наративот на етничка основа во текот на предизборната кампања.
- Реакцијата на СДСМ ќе биде многу јасна. Таков наратив е неприфатлив за нас. Дури и по цена да знаеме дека губиме поени во политичката трка, билдање на рејтинг и собирање на гласови на тема антиалбанци или антимакедонци и анти ЕУ е многу погрешно и многу опасно за државата, дециден е директорот на ТИРЗ.