Министерот за здравство, Фатмир Меџити денес ја посети неговата матична Клиника за неврологија каде што „Моцарт“ донираше апарат за рана дијагностика на мултипла склероза и притоа даде емотивна изјава во врска со Онкологија и побара случајот со име и презиме побргу да се реши.
-Уште еднаш апелирам дека крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме за случајот со Онкологија. Ова што го гледате денес на мене, овој костум на мене и краватаta ме гуши, јас најубаво се чувствувам тука и имам емоции меѓу колегите, и секогаш ми прилега белиот мантил. Не претпочитам да бидам политичар, ниту од партија, туку ќе бидам лекар, тоа ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работиме – рече министерот Меџити и доби аплауз.
Министерот Меџити на денешната промоција на нова медицинска опрема и реновирани специјалистичко-консултативни амбуланти на Клиниката за неврологија оцени дека во здравството треба секој ден да гасат новонастанати жаришта и дека веќе почнале работите да се средуваат и напредуваат.
Меџити помеѓу другото најави и набавка на нова магнетна резонанца на Клиниката за неврологија и целосно реновирање на ургентниот интернистички центар со тријажа.