Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Разбојништво според член 237 став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот 31-годишник, во два наврати на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените кои во моментот биле на смена, ограбил иста спортска обложувалница. Првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат од сефот одзел 244.470 денари, информираат од ОЈО.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и веројатност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.