Вчера во охридската болница ненадејно починало бебе од една година.
СВР Охрид информираше дека за смртта на бебето биле информирани од Медицинскиот центар Охрид.
-На 06.11.2023 во 07:44 часот во СВР-Охрид, од Медицинскиот центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања било донесено едногодишно бебе, за кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство, информираат од СВР Охрид.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството.