Српските медиуми информираат дека Калиопи за саботата вечер имала закажан концерт во салата МТС. Сепак, пред самиот настап се случил немил настан,на една жена и се слошило, пишува „Курир“.
Салата била испразнета, а брзата помош пристигнала на терен и се обидела цел час да ја реанимира жената. За жал, обидите да и се спаси животот биле залудни и таа починала.
Како што информираат медиуми станува збор за жена на околу 70 години, а Калиопи наводно ја познавала, па оваа ситуација и била многу тешка. Жената на концертот наводно пристигнала од Македонија.
Според медиумите жената која пристигнала на концертот со другарките и ќерка и, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.
Калиопи за овој немил настан на нејзиниот Инстаграм профил напиша:
-Ова е најтажниот ден во мојата кариера, наместо да славиме живот, загубивме еден на мојот концерт. Во наше име и во име на мојот тим изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата, напиша Калиопи.
По објавата од Калиопи за оој немил настан, официјално соопштение објавија и организаторите на концертот:
-Поради непредвидени околности концертот на Калиопи закажан за вечерва се одложува, а новиот датум на концертот ќе биде објавен подоцна. Сите купени влезници за вечерашниот концерт ќе важат и за новиот термин.
Денес во гостување на емисија Калиопи одблику го објасни трагичниот момент и рече дека, сепак, жената не е од Македонија.
-Зборувам во името на сите нас кои тажно и трагично ја доживеавме синоќешната трагедија. Најтажниот момент во мојата кариера. Голем шок за сите нас. Концертот уште не беше почнат, чекавме сите да влезат, да се наполни салата и да го славиме животот, а една од нив беше и госпоѓата што почина. Веднаш се симнав до публиката и сфатив дека имаме тежок случај – започна Калиопи.
-Публиката се неверојатни луѓе, сите се молеа да се случи чудо, но за жал, тоа не се случи. Еден живот вреди повеќе од сто концерти. Концертот го одложуваме и наскоро ќе биде објавен новиот датум. Во име на целиот мој тим, сакам да упатам сочувство до целото семејство. Госпоѓата е само една година постара од мене, не е од Македонија, таму беше и нејзината ќерка, се грижевме за неа, додека остатокот од семејството не дојде на лице место. Горда сум на нашиот народ и на драгите луѓе кои синоќа беа во салата, сите ја напуштија просторијата кога беше побаран кислород за пациентката, рече пејачката и додаде:
-Жената е мајка на мојот обожавател и не би го открила нејзиниот идентитет. Кога ќе се случи нешто толку страшно, не знам кој сака да танцува. И наша должност беше да покажеме почит кон семејството. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори – заврши пејачката во емисијата „Премиер-Викенд Специјал“.