Поминаа четири дена од смртта на актерот Метју Пери, а иако причината за смртта се уште не е официјално објавена, постои сомневање за срцев удар, по што тој се удавил.
Резултатите од токсиколошката анализа наведуваат дека актерот во моментот на смртта немал траги од дрога или опијати во крвта.
Смртта на Метју Пери не е резултат на предозирање со фентанил или метамфетамин, покажуваат првичните тестови. Анализата откри дека актерот немал мет или фентанил, моќен опијат, во неговиот систем. Се прават дополнителни тестови како дел од токсиколошката анализа за да се утврди дали во неговата крв имало и други нелегални лекови или имало штетни дози на лекови на рецепт.
Пожарникарите кои биле повикани да интервенираат во куќата на актерот во Лос Анџелес, први влегле на местото на настанот и за Деили Меил откриле што пронашле таму.
– Реагирала противпожарната служба на Лос Анџелес и пронашла возрасен маж онесвестен во када со топла вода. Човекот кој го нашол ја извадил главата на актерот од водата и го донел до работ, а потоа пожарникарите по пристигнувањето го извлекле од водата. Брзата медицинска проценка, за жал, откри дека човекот починал пред да пристигнат првите екипи, рече пожарникарскиот капетан Ерик Скот.
Само неколку дена претходно, Метју сподели фотографија од истата топла када на својот Инстаграм профил, пишувајќи: „Ох, толку врелата вода ме прави да се чувствувам добро? Јас сум Метман“.
Да потсетиме, итните служби го пронашле Пери мртов минатата сабота попладне. Околу неговата куќа имаше полициски кордон, а над неа летаа хеликоптери. Во полиција се појавила и неговата мајка Сузан, а странските медиуми пишуваат дека во негова близина не е пронајдена наркотици од која Пери бил зависник со години.
(Курир.рс/Стори.хр)