Крајниот македонски исток осамна со температури близу нулата, а најстудено беше во Берово, каде се измерени -1 степен Целзиусов. Во останатите места: 2 Битола, 4 Скопје – Петровец, Тетово, Лазарополе, Струмица, 5 Прилеп, Демир Капија, 6 Маврови Анови, Крива Паланка, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Попова Шапка, 7 Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Претор, Штип, 9 Крушево, до 10 во Виница.
За денеска УХМР најавува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.