Ако на втората вечер од фестивалот „Макфест“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда…
Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни критериумите на публиката, а Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз во преполната сала во културниот дом „Ацо Шопов“. Денеска беше и официјално објавен спотот на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски.
„Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент” ми даде звук за хит и очекувам да биде слушана … Среќна сум што наиде веднаш на силен аплауз кај публиката во салата во Штип “ – изјави Спасовска. Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот.