Мадона призна дека повторно се чувствува лошо, само седум дена откако ја започна својата 78-дневна светска турнеја.
Таа мораше да ја одложи откако привремено ја совлада бактериска инфекција, но сега откри дека повторно не се чувствува добро.
На концертот во Белгија, како што истакна, итната здравствена ситуација ја натерала да размисли за нејзината мајка Мадона Луиз Чиконе, која починала од рак на дојка на 33-годишна возраст.
– Одеднаш стекнав симпатии и емпатија кон мајка ми, за тоа колку се чувствувала осамено во болница, знаејќи дека нема да преживее а јас добив уште една шанса – рекла таа.
-Морам да ви кажам дека не се чувствувам добро во моментов. Но, не можам да се пожалам затоа што сум жив. Фала му на Бога за моите деца и за сите вас и за сета ваша љубов и поддршка. Навистина го ценам тоа. Пред помалку од четири месеци бев во болница, бев во несвест и луѓето мислеа дека нема да успеам. Чудо е што сум овде сега. Мајка ми, Бог да ја благослови, мора да ме пази, да вели: Девојко, не ти е време да одиш“ – додала пејачката.