Верче Љубојна, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровска, Александар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Полина, Владо Јаневски, Таско, но и младите и талентирани Александра Трајчевска, групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тиијана Периќ.., синоќа ги испеаја новите хитови на 38. издание на ,,Макфест”, кое се одржа во Домотна културата „Ацо Шопов“ во Штип.
Задоволни од фестивалот беа и организаторите, и учесиците, но и публиката. Немаше стрес од награди, туку ревијално, а по реакцијата на разновидната публиката во салата се понуди музика за сечиј вкус, како за помладите, така и за повозрасните генерации.
На убавата сцена не само што се слушнаа разновидни рефрени, туку и различни сценски настапи, интересни костими, тоалети на водителки и пејачки, шлицови, деколта, се светеше во знакот на фестивалот.
На изненадување на сите фестивалот не го водеа само Димитар и Маријана, туку на втората вечер како водители се појавија Светлана Црнокрак, Миро Кацаров и Вера Јанковиќ, која не издржа а да не запее некој макфестовски рефрен, и да потсети на големината на фестивалот, за што од штипската публика доби голем аплауз.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов синоќа на Пајак и Лара им додели парична награда од 120.000 денари, за најслушна песна во текот на годината.
Изостана само познатата постфестивалската журка на градоначалникот, со пресекување на тортата и позитивни импресии од организторот и аплауз од присутните.
Журка и торта имаше, да ама во клуб без макфестовски рефрени и без санремовски говор на градоначалникот, но според тоа што и тој уживаше во преполнетиот клуб на други актуелни песни, заклучокот е дека заврши уште едно успешно издание на фестивалот, на кој се испеани многу македонски забавни песни, од кои дел од нив ќе останат запишани длабоко во меморијата на публиката и за навек.
Ако и од ова издание на фестивалот публиката одбере песни за навек, тогаш секако дека оправдан е епитетот- најдобар. Затоа во исчекување на 39тото издание, нека е слуша и понатаму поддржува македонската забавна музика.
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски