Горан Иванишевиќ (52) четири години е незаменлив член на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ (36), тој е еден од главните тренери на играчот број еден во светот, а со тоа и неговата заработка.
Неделникот Национал објави дека платата на Горан Иванишевиќ како главен тренер на Новак Ѓоковиќ е меѓу 6.000 и 10.000 евра неделно. Тоа е меѓу 350.000 и 500.000 евра годишно, но има и бонус клаузула.
Јасно е дека станува збор за процентот што го добива Горан Иванишевиќ кога Ѓоковиќ освојува АТП турнири, Грен слем…
Наводно се работи за 10 отсто. Како што Ѓоковиќ оваа сезона само од турнирски награди заработил дури 10.581.665 долари, што значи дека на Иванишевиќ оди околу милион долари. Тоа е одлична плата, но заслужена бидејќи Ѓоковиќ е првиот тенисер на АТП рангирањето, еден од најдобрите во историјата, па бројките се во тој опсег.