Канје Вест сака јавноста да знае – тој не е биполарен, како што претходно тврдеше.
Наместо тоа, вели тој, има „знаци на аутизам“ предизвикани од сообраќајна несреќа во 2002 година.
Во бизарна порака до Илон Маск, Канје вели:
„Кога ќе разговараме. Не ми должиш ништо. Никогаш повеќе не мора да разговараш со мене. Но, ако прозбориме. Природата на врската мора да се промени. Јас не сум биполарен. Имам знаци на аутизам од сообраќајната несреќа“, пренесува Б92.
Тој продолжи:
„Не можете да ја гледате Ким како ги држи моите деца подалеку од мене. И да не кажувате ништо јавно и потоа да се нарекувате мој пријател за да ја доведам мојата публика на вашата платформа која се бори“.
Текстот го објави Иан Конор, момче кое со години е близок со Канје… Пораката ја објавил на наговор на самиот пејач, откако изгуби пристап до речиси сите свои профили на социјалните мрежи.
@cassiusmorris_ Shocking Details About Kanye West Near Death Car Accident 🤯 #fyp #kanyewest #kanye #ye #rap ♬ original sound – Cassius Morris Official
Илон го суспендираше профилот на Твитер на Канје во декември поради антисемитските коментари на раперот.
Она што е јасно од пораките е дека Канје се уште е во војна со Ким Кардашијан.
Што се однесува до сообраќајната несреќа за која зборува, а која ги предизвикала неговите наводни „аутистички симптоми“, таа била речиси кобна за него.
Канје во несреќата целосно ја скршил вилицата, а другиот возач ги скршил двете нозе.