Популарниот фолк пејач Јордан Митев стана татко. Тој и неговата сопруга славица добија ќеркичка.
Радосната вест Јордан ја сподели на Фејсбук и тоа од далеку, преку океанот. Тој во моментов е на турнеја низ Австралија, а со него замина и сопругата, бидејќи пред да се омажи за Јордан таа живееше во Мелбурн.
-Јас 20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко, напиша Јордан.
Ова е прво дете на пејачот. Тој по година ипол врска, пред шест години се ожени со Славица и иако таа живееше во Австралија, поради љубовта реши да се врати во родниот крај. Во брак се шест години и ова нивна прва рожба.
-Се погоди така, јас да бидам на турнеја низ Австралија токму во периодот кога сопругата теба да се породи. Затоа со мене во Австралија ќе дојде и таа. А јас. Јас сум пресреќен, ќе ни се исполни долгогодишната желба, затоа и не ни е важно дали ќе биде син или ќерка, нека е само живо и здраво, рече Јордан пред заминување.