Познатиот актер Роберт де Ниро пред неколку месеци го доби седмото дете, прво со својата девојка Тифани Чен.
Тифани на 6 април го роди девојчето Вирџинија Чан Де Ниро, а актерот сега откри како е да се има бебе на 80 години.
„Така е како е. Во ред е. Мислам, не кревам тешки работи. Јас сум тука, ја поддржувам мојата девојка, но таа ја работи работата. И ние имаме помош, што е многу важно“, изјави тој за „Гардијан“.
Тој истакна дека ужива во секој сегмент од татковството, но дека со годините не му станува полесно.
„Уживам во сето тоа. Со бебе е поинаку отколку со моето единаесетгодишно или моите возрасни деца и внуци. Не зборувам со возрасни деца како што зборувам со бебиња или помали деца, иако таа е многу паметна“, истакна Де Ниро.
Актерот се осврна и на неговата возраст.
„Секако дека размислувам за смртта на мои години… Тоа нема да ме спречи, но размислувам за тоа, свесен сум за тоа. Размислувате повеќе за времето. Секое ново лето, секоја нова сезона си велам: Па, ќе ги искористам следните неколку месеци за да поминувам повеќе време со моето семејство, со моите деца. Не можам да размислувам за следната година. Сè што треба да направам, го правам сега. Никогаш не се знае што може да се случи, се е важно“, заврши актерот за споменатиот медиум.