Авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц морало да биде евакуиран на израелскиот аеродром Бен Гурион во вторникот вечерта поради ракетни напади, пренесува Н1.
Сликите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како соработниците и новинарите кои патувале со германскиот лидер морале итно да го напуштат авионот и да се засолнат лежејќи на пистата, додека Олаф Шолц наводно бил евакуиран во засолниште, пишува Политико.
#Raketenalarm in Tel Aviv. Die Regierungsmaschine wird umgehend evakuiert. @Bundeskanzler wird in einen Schutzraum gebracht. Wir legen uns vor dem Flugzeug auf den Boden. @robinalexander_ @frautoroxel pic.twitter.com/OTWV55KUoA
— Sara Sievert (@sara__si) October 17, 2023
-Јас лично ги видов експлозиите додека израелската железна купола (систем за противвоздушна одбрана) пресретна две ракети“, напиша Робин Александар, заменик-главен уредник на германскиот дневен весник „Велт“.
Kanzlermaschine in Tel Aviv vor Abflug geräumt, weil Alarm. Alle liegen auf Rollfeld für Deckung. Zwei Raketen erkennbar von Iron Dome getroffen über Flughafen. @welt pic.twitter.com/vZfqLGQQYY
— Robin Alexander (@robinalexander_) October 17, 2023
Шолц и оние што летаа со него можеа да се качат во авионот неколку минути подоцна, по дополнителна безбедносна проверка, пишува Билд.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторник го посети Израел за да покаже солидарност по невидениот напад на Хамас врз земјата.