Напаѓачот од Брисел кој денеска беше убиен во полициска акција, а кој синоќа во терористички напад уби две лица, а едно тешко рани, е идентификуван, а според белгиските медиуми станува збор за Тунижанецот Абдесалем Ласуед (45), пренесува Н1.
Според објавените податоци тој илегално престојувал во Белгија, откако му било одбиено барањето за азил.
Државниот секретар за азил и миграција Никол де Мур исто така известува дека осомничениот сторител е по потекло од Тунис и дека поднел барање за азил во таа земја во ноември 2019 година. Таа апликација била одбиена во октомври 2020 година.
⚡️⚡️⚡️ 🚨 Belgian killer detained
🚨‼️According to updated information, the shooter's name is #AbdesalemLassoued. He was in the country #illegally. The migrant came from #Tunisia. He was suspected of human trafficking.
🚨‼️Previously, Lassued shot two football fans who came to… pic.twitter.com/UzS0aj1AFv
— WTF-NeW (@WTFNeW8) October 17, 2023
Човекот никогаш не престојувал во прифатен центар, па затоа никогаш не можел да биде лоциран за принудно враќање во земјата на потекло.
Тој претходно објавил видео на интернет на кое вели дека убивал луѓе во името на Алах, а обвинителството верува дека бил инспириран од групата Исламска држава.
Синоќа беше објавено и вознемирувачко видео снимено од случајни минувачи, на кое наводно се гледа напаѓач на мотор како демне луѓе и пука во нив, додека на фотографиите кои кружат на интернет се гледа телото на едно лице во такси.
BIG BREAKING 🇧🇪: Islamic Terror Attack in Belgium's Brussels; Video posted online taking responsibility after carrying out the attack on the name of "Allah"
An Islamist, Abdesalem Al Guilani (45) armed with an AK-47, shouting 'Allah Hu Akbar (An Islamic war cry),' has shot dead… pic.twitter.com/1pp0QnaAgy
— Ashwini Shrivastava (@AshwiniSahaya) October 17, 2023
Белгиските медиуми јавија дека осомничениот за нападот починал, најверојатно како последица на повредите здобиени при неговото апсење во Брисел.
„Осомничениот Абдесалем Л. најверојатно починал од прострелна рана во возилото на брза помош“, му рекле на Д.Х.
Terror Attack in Belgium's Brussels; Video posted online taking responsibility after carrying out the attack on the name of "Allah"
The Brussels terrorist has been identified as 45years old Abdesalem Lassoued. He's a Tunisian citizen, is in Belgium illegally. pic.twitter.com/2zw30KzZKm
— Vaishali Poddar (@PoddarVaishali) October 17, 2023
Лицето кое беше застрелано најверојатно е осомничено за нападот и можеби починало на пат кон болница, изјави белгиската министерка за внатрешни работи Анелизе Верлинден.
Верлинден изјави за фламанскиот јавен радиодифузен сервис ВРТ дека автоматското оружје пронајдено кај него е исто како она што било употребено во нападот во понеделникот.
🇧🇪 ALERTE – Le terroriste de Bruxelles a été identifié : il s'agit d'Abdesalem Lassoued, un homme de 45 ans.
⚠️ Si vous l'apercevez, n'intervenez pas seul et contactez les forces de l'ordre. pic.twitter.com/ScJIkBvk6a
— AlertesInfos (@AlertesInfos) October 16, 2023
„Полицијата добила повик дека Абдеслам Ласуед (45) седел во кафуле во Скарбек. Кога пристигнала полицијата дошло до престрелка во која Тунижанецот бил застрелан. До него е пронајдено и оружјето употребено во нападот“, наведува порталот.
🔴 Abdesalem Lassoued #Bruxelles
Tunisien. Clandestin en Belgique. Connu pour trafic d’êtres humains, séjour illégal et atteinte à la sûreté de l’Etat. Demande d’asile en novembre 2019 refusée en 2020. Signalé comme radicalisé par plusieurs services étrangers. pic.twitter.com/c1fpJyd8tk
— Amaury Brelet (@AmauryBrelet) October 17, 2023