Однесување, култура, младост, воспитување – ова беа само дел од зборовите кои се најдоа под шокантното видео кое беше направено во Белград, кое шокираше многу луѓе на интернет поради однесувањето на девојката од видеото, пренесува курир.рс.
Видеото објавено на Твитер на кое девојка уживајќи во возење во Белград, во скап кабриолет сред бел ден, ги соблекува гаќите и ги фрла на улица, ги шокираше сите. Со коментари кои секако не беа позитивни, луѓето се согласија дека одамна не виделе ништо погрдо.
Некој нека ѝ напише казна за фрлање ѓубре, како и да им покаже на родителите како ја воспитале“, е еден од коментарите што може да се најдат под видеото.
— dsds_567 (@dsds_567) October 16, 2023
Како што можете да видите на видеото, девојката на совозачкото седиште, облечена во мини здолниште, додека се вози во кабриолет, дошла на идеја да ги собрече гаќите, да ги врти и да ги фрли на улица. Среде бел ден, среде Белград на вода, без пардон решила да го направи тоа.
Она што посебно изненадува е што јасно се гледа дека девојката е свесна дека возачот ја снима целата ситуација, но очигледно воопшто не била загрижена за тоа.
„Колку далеку стигнавме“
Видеото ги шокираше сите, особено родителите на тинејџерите кои повеќе од кога било се загрижени за иднината на своите деца.
“И нашите деца го гледаат ова… и го прифаќаат како модел на однесување. Раперските деца уште повеќе го засилуваат тоа лудило, само слушнете ги текстовите на тие песни. Морничаво”, “Уште еден одвратен вирус на слобода”, “Тоа е, веројатно договорено, тој што снима не е ништо помалку ѓубре“.„Срам да и е! Таа го изгуби образот на нејзините предци. Кутри родители на ова девојче“, „Толку младо и такво однесување, до каде стигнавме“, „Не знам ни како да го наречам ова! Господ да чува од тоа што ние како општество сме го дозволиле. Дека ваквите перверзии ни се нормална појава“, „Дали може да се пријави?“, беа само дел од коментарите под ова видео.