Терористичкиот напад во Брисел се случи во понеделникот вечерта, пред почетокот на квалификацискиот натпревар за ЕУРО меѓу Белгија и Шведска. Двајца гостински навивачи беа убиени, а Тунижанецот кој го изврши ова злосторство беше убиен во полициска акција во вторник.
Натпреварот бил прекинат кога играчите дознале што се случило, навивачите до доцните часови биле во солзи на стадионот Хејсел, а еден од присутните бил и фудбалер од Белград, пренесува телеграф.рс.
Поранешниот млад шведски репрезентативец Бојан Ѓорѓиќ моментално работи како репортер во телевизијата „Виаплеј“ и беше видно потресен по немилите настани.
-Тешко ми е да смислувам зборови, а ние сега треба да разговараме за натпреварот… Го сакам фудбалот, тоа е мојот живот, ми значи се и повеќе. Но, двајца наши сонародници беа ладнокрвно убиени на бриселските улици и треба да играме уште 45 минути – рече Ѓорѓиќ на кој не му беше многу за зборување, а потоа додаде:
-Тоа е мрак, тоа не е само нашето општество… Се е изгубено. Плачам, плачам поради човечките вредности на кои повторно треба да им се даде приоритет. Живееме во скапан, одвратен свет со луѓе кои не заслужуваат да живеат на оваа планета. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите – рече Бојан Ѓорѓиќ.
Не се знае кога и дали натпреварот ќе продолжи, бидејќи засега нема конкретни информации од УЕФА.