Вкупно 14 музички парчиња „вткаени“ во еден носач на звук.
„Што бараш ти во моја песна“ е насловот на новиот албум кој музичката група Нокаут го промовираше вчеравечер пред скопката публика. Промоцијата на албумот се случува во пресрет на концертите кои бендот ги закажа за 10 и 11-ти следниот месец во Македонска филхармонија.
„Прекрасно е чувството да сум овде вечерва и некако го заокружуваме овој период од десет години со оваа наша компилација, односно издание од 14 песни. Благодарам на сите соработници, кои работеа напорно овие десетина години на овој материјал, овој албум. Пред сѐ би сакал да се заблагодарам на мојата „ војска“, но и на нашите соработници, меѓу кои Александар Ристовски – Принц, Игор Џамбазов, Дарко Димитров и Ана Стојановска. Ние постоиме поради македонската публика, македонската кауза и уметност. Даваме максимална љубов“, порача фронтменот на групата, Никола Перевски – Пере.
(В. Ми)