Актерката, Џејда Пинкет Смит во едно интервју прозборе за тајната која нејзиниот пријател Тупак Шакур не сакал да ја сподели со јавноста. Раперот кој беше убиен во 1996 година во Лас Вегас, таа го нарекуваше своја сродна душа, а потоа откри, што е она кое всушност ги спојувало.
Џејда Пинкет Смит изјави дека во 2028 година ѝ е дијагностицирана алопеција и раскажа дека раперот Тупак исто така ја имал оваа автоимуна болест која предизвикува губење на косата.
„Никогаш не зборуваше за алопецијата која ја имаше“, изјавила актерката за People и нагласила дека раперот ја добил оваа болест во 1991 година откако бил уапсен во Калифорнија.
Тој ја тужел полицијата поради бруталност и барал отштета од 10 милиони . На крајот спорот бил решен на начин што му биле исплатени 42.000 долари.
„Откако полицајците го претепале во северна Калифорнија, тој почна да ја губи косата. А неговите облици на алопеција беа далеку поекстремни од моите“, изјави актерката.
„Мислам дека Тупат никогаш не зборуваше за својата алопеција, но сепак изгледаше многу добро и кога беше ќелав. Но тоа беше време во кое не се зборуваше за вакви теми“, нагласила Џејда.
Таа е сигурна дека доколку Тупак беше жив денес, тој слободно би зборувал на темата.