Не смееше до солзи, а сега не растажи до солзи, велат блиски погодени од ненадејната смрт на хумористот Војче Китаноски(68).
Китаноски, не забавуваше со децении, неговите шеги ќе останат да се раскажуваат, а имитатциите ќе се паметат. Беше познат како добар, мирен и скромен човек.
-Пред неколку дена со Војче се сретнаме последен пат. Рече дека е добар, дека работи по градинките и училиштата низ Македонија, на деца им раскажува шеги и е задоволен. Дека не се жали, фала му на Бога. Но, ете до каде било. Многу ми е жал. Војче беше многу скромен, живееше сам, никогаш не се ожени. Но, секогаш беше весел и насмеан, на неговото лице не можеше да се види тага. Секоја недела се гледавме во црква, со ништо не покажуваше дека има проблеми со здравјето. Затоа кога ми кажаа дека полиција го нашла дома починат, најверојатно од срце, многу се растажив, вели негова блиска пријателка.
Војче имаше кариера долга пет децении и во времето на неговите ѕвездени мигови не поминуваше манифетација, а да не го повикаат да ги насмее. Најмногу го имитираше Тито и за него често знаеја да кажат „дојде маршалот“.
Роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Со неговите шеги почна да ја забавува јавноста уште од студентските денови. Она што денес го викаат стендап, Војче го правеше со децении.
Што навистина се случило ММС се обиде да дознае и од МВР, но од таму официјално се уште нема ништо.