Еуроникел Индустри влегува во процес на одржување на производството. Платите на вработените се исплатени денеска, клучниот клиент предизвикува доцнење.
Еуроникел Индустри влегува во процес на одржување на производните капацитети. Ова следува како резултат на пазарното преструктуирање, промените и пазарните барања, при што е неопходно компанијата да спроведе финансиска консолидација со што би се обезбедило понатамошно работење и континуитет на работењето на компанијата.
Вработените редовно земаат плата, септемвриската плата е исплатена денеска, а состојбата со одржувањето на производството ќе биде проследена со прераспределба и ротација на вработените во различни погони. По внатрешното преструктуирање на производниот процес, кое се очекува да трае еден месец, намерата е стабилизирање на состојбата и отпочнување со редовна работа и план на производство според договорите и барањата.
Влегувањето во процес на одржување е првенствено резултат на дејствијата на трето лице. “ArrowMetals & Trading”, главниот снабдувач на руда и фероникел клиент на Еуроникел ги одложи плаќањата, ги намали или целосно ги измени нарачките без претходна најава и тоа во рок од неколку дена. Не ни е јасно дали тоа е затоа што “ArrowMetals” се наоѓа во тешка финансиска состојба или пак има за цел да му помогне на КАДМС што е во сопственост на г-дин Константинос Даскалакис, таткото на Андреас Даскалакис, очигледниот сопственик на Arrow, со цел да го купи Еуроникел за многу помала вредност.