Фестивалот на забавни мелодии “Макфест 2023“ – Штип на првата предфестивалска прес конференција ги обзнани сите детали и поединости околу одржувањето, како и комплетните листи на учесници на двете фестивалски вечери, изведбите, правилата и пропозициите… и сето останато што ќе се случува годинава.
Пресот го отвори градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој во својство на прв човек на организаторот говореше за суштината, значењето, улогата и сето она што „Макфест“ како фестивал значи не смо за општината и нејзината околина, туку и за цела Македонија, македонската култура и јазик и националниот идентитет воопшто. При тоа потенцирајќи дека брендот кој трае цели 38 години продолжува да се негува, но на нов современ, модерен начин, најмногу близок до младите и нивното поимање на музичките правци.
Уметничкиот директор на фестивалот, композиторот и музичар Роберт Саздов потенцираше дека годинешново издание во двете фестивалски вечери има потенцијал да изросди повеќе хитови отколку една Евровизија. Дека песните се модерни, современи, жанровски различни, но певливи и бргу допираат до публиката.
Како што веќе беше најавено, поповеќе од три децении, на сцената на најугледниот фестивал на збавни песни во Македонија, се враќа Владо Јаневски. Тој на прес конференцијата направи емотивен осврт и носталгична прошетка по спомените од фестивалските години, потсетувајќи ги новинарите дека на сцената на домот на културата во Штип е уште од првиот „Макфест“. Тогаш како клавијатурист на групата „Бон Тон“ во нивната тогашна песна „Старо купувам“, за подоцна и самиот да биде дел ѕвездените учесници со неговите „Еден бакнеж“ и „Чаирска романтика“, а сега со неговата нова фестивалска тема во најава „Златни години“.
Антонио Димитриевски кој меѓудругото појасни дека и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“, на 20 и 21 октомври ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- радио Скопје.