МВР иформира за малтретирање на овчар во пробиштипското село Турско Рудари.
-На 11.10.2023 во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 11.30 часот на место викано „Ливади“ во атар на село Турско Рудари, пробиштипско, четири лица физички го нападнале и го врзале за дрво Г.К.(53) од с.Нивичани, кочанско, кој работел како овчар.
Набргу, тој бил пронајден од Д.Т. од селоТурско Рудари, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани повреди и му била укажана помош. За случајот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување и документирање, по што ќе следува соодветна кривична пријава.