Во нападот на Хамас врз Израел, цели семејства беа киднапирани и разделени. Во еден од најтешките случаи исчезнаа три генерации од исто семејство, пренесува телеграф.рс.
Киднапирањето на семејството Бибас Силверман во Кибуц Нир Оз го снимиле Палестинците и го објавија на мрежите за светот да види.
Снимката е тешка за гледање. Преплашена мајка е опкружена со мажи, додека таа ги гушка своите деца обидувајќи се да ги заштити.
Нејзиното име е Шири. Нејзините момчиња се Ариел (4) и Кфир, кој има само девет месеци.
Тие се киднапирани заедно со нивниот татко, сопругот на Шира, Џарден, нејзиниот татко Џоси и нејзината мајка Маргит, која има Паркинсонова болест и има потреба од секојдневни лекови.
Нивните роднини се преплашени изагрижени, пишува Sky news.
Во неговиот стан во Тел Авив, нивниот братучед Јоси зборуваше за неговата агонија додека ја гледал снимката од киднапирањето на семејството.
„Кога првпат го видов видеото, не можев да поверувам. Не можев да разберам што гледам, потоа ја погледнав втората слика и беше многу јасно дека тоа е мојата братучетка Шири и две мали деца“, изјавил тој.
Семејството сè уште не слушнало ништо за нив од Палестинците или од нивната влада.
Се плашам дека ги разделија, дека ги убиле, повредиле, никогаш повеќе нема да ги видиме и нема да добиеме никакви информации за нив, изјави Џоси.
Видеото од киднапирањето на неговите роднини е снимено доцна попладнето, откако нападот на Хамас од Газа започна во шест часот наутро.
Палестинците талкаа по кибуцимите, ограбуваа, убиваа и палеа, рече тој.
„Сакам да одам да се борам, да и помогнам на мојата земја, сакам да направам се што можам и знам дека сите мои пријатели и луѓе што ги знам го сакаат истото“, рече тој.
Се стравува дека меѓу 100 и 150 луѓе биле земени како заложници од Хамас. Оттогаш нема слушнато за ниту еден од нив.