Социјална работничка Пејтон Ширис од американската сојузна држава Охајо е обвинета за сексуални односи со тринаесетгодишно момче кое било под нејзин надзор и грижа, пренесува 24седам.рс.
Шајрис е обвинета дека постојано имала интимни односи со тинејџер кој исто така бил нејзин клиент.
Врз основа на судските записи кои се достапни на јавноста, може да се дознае дека мајката пронашла пораки разменети меѓу нејзиниот син и Пејтон Шајрес и веднаш се јавила во полиција.
Иронично, во овие пораки Шајрис го прашала момчето дали ги избришал пораките и дали можеби ги видела неговата мајка.
Инспекторите нашле видео на телефонот на тинејџерот на кое се гледа како тој и Шајрис имаат секс низ градот Колумбус.
Откако се појави на суд, Шајрис доби кауција од 500.000 долари, а најверојатно ќе го чека судењето со кауција.