Имајќи ги предвид реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност, во врска со зголемување на цените кои се пласирани во јавност деновиве, известуваме дека зголемување на цените на основните прехрамбени производи нема да има, а пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените, информираат од пазарниот инспекторат и додаваат:
„Ќе проверуваме дали стои ознаката „гарантирана цена“ и дали се почитуваат останатите одредби од одлуките кои се однесуваат на трговците на мало и на трговците на големо“.
-Граѓаните да бидат спокојни! Цените на основните прехрамбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат! Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените кои се веќе донесени! Оној што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција! Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард!“ – изјави директорот, Горан Трајковски