Одлуката е на 66 страници и има 358 продукти кои спаѓаат во новата стапка, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека е погрешно прочитана листата на производи.
Според него, одлуката има два дела, првиот дел е продукти што спаѓаат во повластената тарифа, односно повластената даночна стапка од 5 отсто и таму е дефинирано до детали кои сè продукти спаѓаат во повластената даночна стапка од 5 отсто.
Во врска со лавината негодувања од утрово тој објасни дека ако има некакви пропусти, на следната седница на Владата во вторник ќе бидат решени.
„Ако трговците и производителите поинаку ја прочитале или не е доволно јасна, некој не знае дали, на пример, кравјото сирење треба да влезе во 5 или 10 отсто, можеме да објасниме и на следната владина седница такви пропусти, ако има, да ги решиме.Граѓаните имаат навики за храна, но одредени продукти, ако во овој момент сметаме дека треба да бидат во стапката од 10 отсто, оставаме простор да се ревидира ако тоа е дел од секојдневната исхрана на граѓаните. Сметам дека може да има поинакво толкување на одредени царински стапки, на одредени продукти, затоа што не е целосно јасно“, вели тој.
Битиќи вели дека млечниот премаз со висока масленост од овчо млеко треба да биде несекојдневен и треба да има стапка од 10 отсто, но не знаеше да одговори зошто ајварот останува со 5 отсто, а лутеницата со 10 отсто, ниту, пак, сакаше коментира што, според него, е луксуз.
Новинарите на средбата му посочија неколку производи, кои најмалку личат на луксуз, како што се чипсот, гумите за џвакање, сладоледот, феферонки, гриз, но, тој, пак, рече дека тие спаѓаат во категоријата нездрави производи затоа што имаат повисока шеќерна вредност. Но, сепак, се сложи дека цвеклото, кое важи за здрава храна, но е со 10 отсто ќе се ревидира.
-Не влегуваме во дефинирање што е луксуз и за кого. Може да е пропуст, но може и да не е. Ние не ги носиме мерките на штета на едните или другите. Мораме да донесеме мерки што ќе ја ублажат кризата и нема да им нанесат штета на производителите. Има реакција за 10 производи, а имаме 2000 групи на производи кои се опфатени“, рече Битиќи.
Битиќи смета треба граѓаните да се смират, а не психолошки да им се додаде товар и се носат мерки за намалување на инфлацијата и дека се гордее со мерките што ги превземаат.
На ова Битиќи беше прашан со кои мерки се гордее, бидејќи лугето се плашат да влезат во маркет, на што одговори:
-.Со 143 отсто зголемување на минимална плата се гордеам, се гордеам со 50 отсто зголемување на просечна плата, се гордеам со подобрување на животниот стандард и што моите сограѓани останаа на работа а може да останат без работа, се гордеам со мерки, кои можеби изгледаат во нечии очи, но усехот е неминовен, додаде тој.
–