На почетокот на септември во италијанската населба Цивита Кастелана започна снимањето на втората сезона на серијата „Виолетова како море“, чија главна ѕвезда е турскиот заводник Џан Јаман. За жал, наместо за забавни настани, тимот ќе го памети престојот во тој град по насилничкото однесување на Џан и демолирањето на продавницата на градскиот плоштад.
Што всушност се случило? Шокираната сопственичка на продавница Барбара Нели изјавила дека во нејзината продавница дошол бесен Џан иритиран од гласната музика што доаѓала од дуќанот.
Не само што и викал, туку се обидел и физички да ја нападне, а четворицата членови на екипата едвај го задржале. Жената видно истрауматизирана повикала полиција, а по инцидентот продуцентската куќа, како што рече, и понудила 600 евра за да го прикрие случајот, за да таа ја повлече пријавата.
Таа не се согласила на такво решение.
Сопствениците на околните продавници ја потврдиле верзијата на приказната на Барбара и сите дале изјави во полиција, пишува магазинот ТВ Новеле.
Адвокатот на Барбара, Џузепе Романо, за медиумите изјавил дека понудата за „отштета“ од 600 евра пристигнала доцна, нагласувајќи дека проблемот настанал многу пред бесниот Џан да дојде да се справи со кутрата жена. Плоштадот бил практично затворен поради снимањето на серијата, па муштериите не можеле да дојдат до продавниците, што им нанело големи загуби на сопствениците на дуќаните.
Иако се пожалиле до градската управа, нивните молби да им се дозволи да работат непречено не вродиле со плод. Од сето наведено, јасно е дека сопствениците на локалите биле во многу поголем проблем од Џан, кој се изнервирал од гласната музика. Адвокатот на Барбара истакнал дека актерот ги оштетил ролетните на вратата од продавницата бидејќи ги шутирал со сета сила, а тоа го снимила и полицијата.
Кога медиумите ја контактирале продукцијата на серијата „Виолетова како море“ сакајќи да ја слушнат другата страна на приказната, никој од продуцентската куќа не бил расположен да зборува за тоа што се случило.
Полицијата отвори истрага, а италијанските медиуми пишуваат дека невиденото дивјаштво на Џан може да го чини кариера и соработка со бројни брендови чиј заштитно лице е тој.
Ова не е прв пат Јаман да ја покаже својата дивјачка страна.
Судот во Турција веќе го прогласи за виновен затоа што бил на снимањето на серијата „Кој од нас не сакал? фрлил шолја полна со топол чај кон својата ТВ партнерка Селен Соидер. Неколку години подоцна, на снимањето на „Сањалица“ ја фрлил камерата во правец на обожавателите кои се вртеле околу сетот желни да се дружат со нивните омилени актери.
Како ќе заврши сагата за неговото дивеење и Италија и како неговиот примитивен испад ќе влијае на гледаноста на серијата во која игра со Франческо Килеми, но и на неговата кариера воопшто останува да видиме.