Пола Кински, постарата ќерка на познатиот актер Клаус Кински, 31 година по смртта на нејзиниот татко, решила да проговори за страшното малтретирање кое го доживеала од најраните денови, почнувајќи од петтата година од животот.
Како што раскажала, нејзиниот татко, најпознат по улогите во филмовите на Вернер Херцог, ја силувал од петгодишна возраст и дека мачењето траело 14 години.
„Тој секогаш ме допираше премногу, ме држеше толку цврсто што мислев дека не можам да избегам. Во тоа време имав четири или пет години и живеевме во Минхен. Инстинктивно препознав дека тоа не е прегратка од татко ми, туку повеќе од тоа“, рече таа.
„Тој не беше татко. Дури 99 проценти од времето бев преплашенa во негово присуство. Тој беше толку непредвидлив што семејството живееше во постојан страв. Почна да ме допира и да ме бакнува со отворена уста кога бев многу мала, имав 5 или 6 години“, вели Пола, која е актерка и живее во Германија.
Нејзиниот татко е мртов веќе 33 години, а поради тоа што нејзиниот татко нема можност да се брани од овие обвинувања, многумина на тврдењата на Пола гледаат со сомнеж. Таа, пак, тврди дека сите тие години ги живеела во страв дека никој нема да и поверува, но дека конечно дошол моментот да се зборува за се.
Таа тврди дека издржала години насилство, сексуално и физичко и дека вербалното малтретирање било речиси како добар ден, пишува Стил. Таа за Гардијан ги открила страшните детали од своето минато.
„Како дете секогаш молчев затоа што тој ме плашеше. Зависев од него и од неговото внимание“, рече таа и додаде дека нејзиниот татко и рекол дека неговото однесување е сосема нормално и дека нема ништо лошо во тоа, а истото им го прават татковците ширум светот на своите ќерки. Сето тоа детално го опишала во својата книга за нејзиниот татко, кој починал од срцев удар во 1991 година.
„Бев обземена од чувство на вина. Се чувствував како да го изневерив и разочарав, тогаш многу плачев“, рече таа и додаде дека секогаш била растргната помеѓу нагонот да му угоди и да го одбие.
„Ја напишав книгата затоа што повеќе не можам да гледам како го фалат и воздигнуваат од година во година, морав да реагирам“, рече таа.
Нејзината полусестра Настасја Кински, исто така актерка, негираше дека татко и сексуално ја злоставувал, но призна дека ја злоставувал на други начини и дека еднаш се обидел сексуално да ја нападне, но не успеал.
Пола на 19 години ги прекинала сите контакти со својот татко, а како што вели, кога тој починал, била целосно рамнодушна.
„Кога умре, мајка ми ми се јави и не почувствував ништо. Ниту тага, ниту омраза“, рече таа и нагласи дека сака да ги охрабри другите жртви на малтретирање да зборуваат за нивните затвореници бидејќи „како да сте осудени на доживотен затвор“.
Извор: курир.рс/стори.хр